Манчестер Јунајтед претрпе нов пораз во Премиерлигата откако во градското дерби против Манчестер Сити во 27. коло загуби со 3-1 во натпревар кој беше јубилеен за тренерот Ерик тен Хаг.
Холанѓанецот го забележа стотиот натпревар на клупата на Манчестер Јунајтед, а и покрај поразот остана тренерот со најголема успешност во ерата на славниот клуб по Втората светска војна. Откако го превзема клубот во месец мај 2022 година, Тен Хаг има 60 победи, 12 неренешени средби и 28 порази што е подобра успешност (60.4 отсто) во однос и на Алекс Фергусон.
Славниот стратег на Манчестер Јунајтед забележа 1500 натпревари на чело на клубот по кои има успешност од 59.7 отсто (895 победи, 338 ремиња и 267 порази).
Зад овие двајца се Жозе Мурињо со успешност од 58.3 отсто, Оле Гунар Солскјер со успешност од 54.2 отсто, Дејвид Мојс (52.9 отсто), Луси ван Гал (52.4 отсто)…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА