„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Ибрахимовиќ е новиот „мистер 400“

Златан Ибрахимовиќ вчера беше стрелец за Милан во победата на гостувањето кај Рома со 1-2. Евроголот од слободен удар за водство на „росонерите“ од 0-1 беше вкупно 400 погодок за одличниот Швеѓанец во лигашките натпревари.

Тој во кариерата покрај во Серија А, настапуваше и за Барселона во Ла лига, Манчестер јунајтед во Премиер-лига и Пари Сен Жермен во Лига 1. Покрај тоа што го постигна 400 лигашки гол во кариерата, ова беше негов 150 во Серија А.

 

Се вчитува...