„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Интер успеа против Салернитана да направи нешто што на никој не му успеало

Фудбалерите на Интер се вратија на победите во италијанскиот шампионат откако синоќа на домашен терен славеа со убедливи 5-0 над „фенерџијата“ Салернитана.

Лаутаро Мартинез со три и Един Џеко со два гола беа главни актери во триумфот на „нероаѕурите“ во последниот меч пред реваншот во осминафиналето против Ливерпул во Лигата на шампионите.

Интер и во првиот меч против истиот тим сезонава победи со 5-0 и со тоа стана првиот тим по Фиорентина во 1958/59 кој против ист противник успеал во една сезона да постигне десет гола, а да не прими ниту еден погодок.

 

 

Се вчитува...