Ливерпул вчера дојде до победа над Барнли со 0-2, и со тоа на „Боксинг деј“ успеа да се искачи на првото место на табелата во Премиерлигата.
Менаџерот на „црвените“ Јирген Клоп стана експерт за натпреварите кои се играат на „Боксинг деј“. Откако дојде на клупата на Ливерпул, тој ги има сите победи на овој ден, одосно од шест меча, има 100% ефект.
Интересно е серијата на Клоп победи на „Боксинг деј“ почна во 2015 година, кога неговиот тим го победи Лестер со 1-0. Во 2017 година следуваше победа над Свонси со 5-0, па година подоцна со Њукасл победа од 4-0. Во 2019 година Ливерпул на гости на „Боксинг деј“ го совлада Лестер, а во 2022 година го победи Астон Вила со 1-3.
Boxing Day brilliance 👌 pic.twitter.com/hipqKrAvQT
— Liverpool FC (@LFC) December 26, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА