„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Јувентус не мора да се грижи за својата иднина

Јувентус славеше со 4-0 на домашен терен против Емполи во премиерниот натпревар од 11. коло во италијанската Серија А.

Еден од стрелците за Јувентуст беше Мојзие Кеан. „Старата дама“ има двајца од најдобрите четири стрелци во Италија од играчи кои се родени по 1. јануари 2000 година.

Покрај Кеан кој со синоќешниот погодок стигна до бројката од 17 во Серија А, тука нормално е и Србинот Душан Влаховиќ кој досега има постигнато 57 погодоци. На оваа листа се наоѓаат уште и: Траоре и Распадори.

 

Се вчитува...