„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – „Камп ноу“ е неосвоива тврдина во Ла лига

Фудбалерите на Барселона одиграа реми без голови 0-0 против Жирона синоќа во последниот натпревар од 28. рунда во шпанската Ла лига. Иако не стигнаа до победа во овој меч избраниците на Чави може да бидат задоволни бидејќи побегнаа на плус 13 пред најголемиот ривал Реал Мадрид.

Барселона сезонава е еден од трите тима кои немаат пораз на домашен терен во топ 5 првенства во Европа. Покрај Барселона пораз на домашен терен немаат и Баерн Минхен и Унион Берлин.

 

Се вчитува...