ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА – Кејн веќе испиша историја во Бундеслигата

Баерн Минхен им се врати на победите во Бундеслигата откако во 15. коло на домашен терен славеше со убедливи 3-0 против Штутгарт во натпревар во кој двоен стрелец беше Хари Кејн.

А, со двата гола Англичанецот испиша и историја како фудбалер на кој му требале најмалку натпревари да стигне до бројката од 20 погодци. Голгетерот го направи тоа на 14 средби што во споредба со Ерлинг Халанд е за осум натпревари побрзо.

Се вчитува...