ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА – Ливерпул на „Емирати“ се чувствува како дома

Дербито во ФА Купот помеѓу Арсенал и Ливерпул заврши со победата на „црвените“ од 0-2. Откако мрежите мируваа во првото полувреме до пласманот во следната фаза избраниците на Јирген Клоп стигнаа со автоголот на Кивиор во 80. минута и голот на Дијаз во 95. минута.

А, тоа беше четврта победа на Ливерпул на гостувањата на „Емирати“ во последните пет натпревари. Интересно, гол разликата во овие натпревари е 11-3 во полза за „црвените“ со тоа што на четири натпревари Арсенал нема постигнато гол. Трите погодоци доаѓаат во единствената победа издвоена со 3-2.

Се вчитува...