ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА: Манчестер Јунајтед урна уште еден антирекорд

Манчестер Јунајтед со поразот од Челси синоќа 1-0, срушо уште еден сопствен антирекорд. За тимот од Олд Трафорд ова беше 18-ти пораз во Премиерлигата, со што запиша најмногу порази во историјата.

Челси победи со 1-0 благодарение на голот на Марк Кукуреља во 71. минута од мечот. Избраниците на тренерот Рубен Аморим го претрпеа третиот пораз по ред во англискиот шампионат, и се зацврстија на 16-тата позиција на табелата, што е крајно разочарувачки за навивачите.

Но, треба да се напомене дека вакво сценарио е очекувано, со оглед дека Аморим се реши да фрли се на една карта – трофејот во Лигата на Европа и финалето против Тотенхем кое се игра во среда, и после кое тимот од Манчестер може да избори место во ЛШ идната сезона.

Се вчитува...