„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Маркус Рашфорд како Вејн Руни

Манчестер Јунајтед ја продолжи одличната форма и по денешниот натпревар против Лестер во Премиерлигата. До нови три бода „црвените ѓаволи“ ги предводеше Маркус Рашфорд кој постигна два гола, а победата ја запечати Џејдон Санчо.

Маркус Рашфорд е во неверојатна форма, а за тоа говорат и бројките. Англискиот голгетер оваа сезона веќе постигна 17 гола на „Олд Трафорд“ што е за само два помалку од рекордот кој го држи Вејн Руни со 19 постигнати гола во сезоната 2011/12.

Се вчитува...