Репрезентацијата на Мароко постави нов светски рекорд по бројот на победи во низа. Четвртопласираната светска селекција го победи Конго со 1-0 во квалификациите за СП 2026 година, со што ја оствари својата 16-та победа по ред.
Така Мароканците го срушија рекордот на Шпанија и на Германија, кои имаа 15 победи по ред.
Пред Конго, Мароко ги совлада селекциите на Бахраин, Замбија, Нигер, Бенин, Тунис, Танзанија, повторно Нигер, Лесото, Габон, Централна Африканската Република два пати, Лесото, Габон, Конго и Замбија. Последен пат кога не победиле било 26 март минатата година кога оваа селекција одигра без голови со Мавританија на пријателски меч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

