„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Мбапе испиша историја на мечот против Белгија

Франција на неверојатен начин со пресврт победа од 3-2 против Белгија се пласираше во финалето на Лигата на нации.

Еден од најзаслужните за победата на „триколорите“ беше Килијан Мбапе кој одличната партија ја круниса и со еден гол. Мбапе синоќа против Белгија го одигра 50. натпревар во дресот на Франција со што стана најмладиот фудбалер кој стигнал толку брзо до 50 настапи.

Тој со само 22 години и 291 ден го надмина Карим Бензема кој досега го држеше овој рекорд со 24 години и 240 дена.

 

Се вчитува...