„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Мемфис Депај, празно место, па останатите…

Холандија е се поблиску до изборување на место на Светското првенство 2022 откако октомвриските квалификациски натпревари ги заврши со победи над Летонија и Гибрилтар, победи со кои „лалињата“ стигнаа до шесттата победа и 19. освоен бод.

Најголем учинок за тоа му се препишува на Мемфис Депај кој игра извонредно во дресот на својата репрезентација. Депај во квалификациите за СП упати 48 обиди кон противничкиот гол и креираше 45 шанси за Холандија, односно беше дел од вкупно 93 обиди за постигнување на гол, што е 43 пати повеќе од било кој друг Европеец.

Најблиску до него е неговиот соиграч Стивен Бергујс со 50 „креации“, а зад нив следи Кристијано Роналдо со 43.

Се вчитува...