ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА – Меси никогаш не доживеал едно нешто во кариерата

Интер Мајами со реми против Палмеирас успеа да се пласира во разигрувањето за титула на ФИФА Светското клупско првенство кое се одржува во Соединетите американски држави.

Со тоа Лионел Меси продолжи една извонредна низа која вели дека аргентинскиот ас никогаш не претрпел елиминација во групната фаза од некое првенство без разлика дали настапувал за Аргентина, Барселона, ПСЖ или Интер Мајами.

Досега Меси и тимовите за кои тој настапува 33 пати ја минуваат групната фаза во првенства како Лигата на Шампиони, Светското првенство и Копа Америка.

Се вчитува...