ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА – Мо Салах не е фудбалер за големи натпревари

Ливерпил испушти шанса да се закити со првиот трофеј во сезоната откако загуби во финалето на Карабао купот од страна на Њукасл Јунајтед кој славеше со 2-1.

По натпреварот фудбалските аналитичари упатија критики кон Мо Салах, еден од најдобрите поединци во Ливерпул сезонава бидејќи потполно потфрли, не креирајќи ниту една шанса и неупатувајќи ниту еден обид кон противничкиот гол.

Деталните статистичари пак изнесоа и интересни бројки кои велат дека Мо Салах не е фудбалер за финални натпревари. Имено, на досегашните 11 средби за титула, тој нема постигнати гол од игра. Единствените два гола кои ги има против Манчестер Сити и Тотенхем се од пенал.

Се вчитува...