„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Мо Салах по стапките на Тјери Анри

Дербито на 21. коло во Премиерлигата помеѓу второпласираниот Ливерпул и третопласираниот Челси заврши без победник откако „црвените“ и „сините“ ремизираа на „Стемфорд Бриџ“ со 2-2.

Мо Салах повторно стрелаше за Ливерпул, а со тоа стигна до петата сезона по ред во Премиерлигата во која е инволвиран во креација на повеќе од 25 гола. Од нив 16 се погодоци во противничката мрежа, а девет асистенции. Единствен со ваков учинок е легендарниот Тјери Анри кому ова седум пати му одеше од рака од сезоната 1999/20 до 2005/06.

Се вчитува...