Бразил запиша историски срам. Ноќеска загуби од Аргентина со 4-1, во рамки од квалификациски натпервар за пласман на Светско првенство.
Ова никогаш му се нема случено на Бразил, односно никогаш досега не примил четири голови од една селекција во квалификации за Мундијал. Досега имаат одиграно 141 натпревар, а ова им се случува првпат во историјата.
И пред оваа победа Аргентина се пласираше на Светското првенство, и без никакво резултатски притисок го одиграа мечот. Сепак, и покрај тоа, победија со 4-1, и му нанесоа убедлив пораз на својот ривал.
Бразил, пак, во последните четири кола ќе трбеа да го потврди своето учество на Мундијалите. Бразилците досега немаат испуштено учество на Светските првенства.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА