НБА лигата низ годините претрпе големи промени кога станува збор за дебито на најголемата кошаркарска сцена па така по 2006 година секој кошаркар мора да има наполнето 19 години пред да се најде на теренот.
Согласно со тоа речиси 20 години листата на најмлади дебитанти останува непромената, а интересно, се додека не се промени ова правило, во богатата историја на првенството ќе остане запишано името на Дарко Миличиќ.
Српскиот центар со полни 18 години и 360 дена како дел од Детроит Пистонс во 2004 година го освои шампионскиот прстен во една од најинтересните финални серии во која беше совладан фаворитот ЛА Лејкерс.
Миличиќ немаше запазена улога во НБА лигата, никогаш не го постигна својот потенцијал, но останува единствениот кошаркар со 18 години кој стигнал до шампионскиот прстен.
Интересно, неговото име е запишано и меѓу најмладите пет дебитанти во НБА со 18 години и 133 дена. Со тоа е на четвртото место по Ендру Бајнам (18 години и 6 дена), Џермејн О’Нил (18 години и 53 дена) и Коби Брајант (18 години и 72 дена).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

