ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА: Нападот на Барса е атомски, ама одбраната…

Барселона никогаш не примила повеќе голови во една кампања во Лигаа на шампионите отколку во оваа.

Тимот на Ханс Флик синоќа загуби со 4-3 од Интер во реваншот од полуфиналето. Првиот меч заврши 3-3, со што „Каталонците“ примија дури седум голови во два натпревари.

Вкупно, Барса прими 24 голови во тековното првенство, што е антирекорд на клубот во историјата. Барселона прими 23 гола во сезоната 1999/2000 во најелитното европско натпреварување.

Сепак, треба да се напомене дека оваа година има повеќе натпревари, односно има осум меча во група, додека во претходните изданија се играа по шест меча.

Се вчитува...