„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Наполи го израмни најдобриот старт во историјата

Елјиф Елмас и неговиот Наполи продолжуваат со одличните игри во новата сезона во Серија А. Наполитанците и по осум кола остануваат максимални откако синоќа славеа над Торино со минимални 1-0.

Со овој триумф играчите на Наполи го израмнија сопствениот рекорд од сезоната 2017/2018 кога почнаа исто така со осум победи во низа. На крајот на таа сезона сепак останаа без титулата откако на неверојатен начин ја изгубија од Јувентус.

 

Се вчитува...