ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА – Непобедливиот Родри

Фудбалерот на Манчестер Сити, Родри испиша ново достигнување во својата кариера. Со победата над Копенхаген во реваш дуелот од осминафиналето во Лигата на Шампионите тој ја продолжи низата на натпревари во кои нема пораз на 60 едно по друго со што е единствениот фудбалер во историјата од Премиерлигата кој успеал во тоа.

Родри не знае за пораз во дресот на Манчестер Сити во Премиерлигата, Лигата на Шампиони, ФА Купот и Комјунити шилдот, УЕФА Суперкупот и на Светското клупско првенство. 28-годишниот Шпанец во овој период забележа 51 победи и девет ремиња.

Се вчитува...