Напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњез влезе во историјата на Премиер-лигата, но не по нешто што ќе сака долго да го памети. Уругваецот не успеа да постигне ниту еден гол во убедливата победа на „црвените“ над Челси од 4-1, но сепак беше еден од играчите кои го одбележаа мечот на „Енфилд“.
Имено, Нуњез дури четири пати ја погоди рамката од голот, вклучувајќи ја и стативата од белата точка, со што беше поставен рекорд во англискиот елитен шампионат. „Црвените“ во моментов се на првото место со 51 освоен бод од 22 натпревари, имаат пет повеќе но и меч повеќе од Манчестер Сити.
Во следното коло Ливерпул му гостува на Арсенал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА