„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Никој како Каи Хаверц

Челси стигна до титулата светски клупски шампион откако вчера во неверојатен натпревар славеше по продолженија над јужноамериканскиот шампион Палмеираш со 2-1.

Херој за сините од Лондон беше Каи Хаверц кој го постигна победничкиот погодок во 117. минута од продолженија.

Со овој гол германскиот репрезентативец стана првиот фудбалер во историјата кој постигна голови за победа во финалето на Лигата на шампионите и во финалето на светското клупско првенство.

 

Се вчитува...