„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Нов ден и нов рекорд на Мурињо во Италија

Рома стигна до нови три бода со Серија А откако со голот на Тами Абрахам во 36. минута славеше со 1-0 над Удинезе во петото коло од натпреварувањето. Покрај трите бода Жозе Мурињо имаше и дополнителна причина за славје бидејќи овој резултат му донесе нов рекорд во италијанското првенство.

Имено, со тирумфот португалскиот сратег ја продолжи низата без пораз на домашен терен во Италија на 41. натпревар со што се изедначи со Масимилијано Алегри, а истата се однесува на натпреварите откако за победа се додлени три бода.

Се вчитува...