ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА: Одбраната на Баварците сезонава е на високо ниво

Германскиот шампион Баерн Минхен се пласираше во четвртфиналето во Лигата на шампионите откако и во реванш дуелот од осминафиналната фаза славеше овојпат со 2-0 на домашен терен на „Алијанц арената“ и го елиминираше францускиот првак Пари Сен Жермен.

Неверојатен е податокот дека на само еден меч сезонава во ЛШ и тоа против аутсајдерот Викторија Плзен се тресеше мрежата на Баварците, додека во сите други мечеви и тоа против тимови како Барселона, Интер и ПСЖ, Германците не примија ниту еден погодок, а играа дури шест пати против овие три великани.

 

 

Се вчитува...