ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА: Овој Јувентус е најлош во историјата

Јувентус вчера претрпе уште еден пораз во Лигата на шампионите. После стартниот неуспех во Париз од ПСЖ, вчера „бјанконерите“ се лизнаа на домашен терен против Бенфика. Иако водеа 1-0, на крајот загубија 1-2, и тоа беше уште една разочарувачка вечер за фудбалерите и за тренерот Масимилијано Алегри.

На Јувентус тешко му оди и во првенството, се „мачи“ да дојде до победата, има само една во последните седум меча. Со вчерашниот пораз од Бенфика, на Јувентус му се случи нешто што му се нема случено во клупската историја.

Тимот од Торино никогаш во својата историја немал два стартни порази во Лигата на шампионите. Тоа се случи првпат оваа сезона. Дека работите не се како што треба во Јувентус зборуваат многу италијански стручњаци и коментатори.

Навивачите, пак, бараат оставка и смена на Алегри, кој по враќањето никако не успева да го издигне тимот и да го врати на победничките патеки.

Се вчитува...