Арсенал забележа нов пораз, овој пат во Лигата на Шампионите на гостувањето во Италија кај Интер со 0-1. Првиот пораз на „топчиите“ во најелитното натпреварување им го нанесе Чалханоглу кој реализираше пенал во третата минута од судиското продолжение на првото полувреме.
За Арсенал тоа е прв пораз во Лигата на Шампионите оваа сезона, но трет во последните шест натпревари во сите натпреварувања. Претходно тимот предводен од Микел Артета губеше и од Њукасл и Борнмут во Премиерлигата.
Со тоа може да се каже дека тврдината наречена Арсенал полека ги губи челичните темели бидејќи три порази англискиот клуб забележа во претходните 32 натпревари. Од нив доби 24, а ремизираше на пет.
3 – Arsenal have lost three of their last six games in all competitions (W2 D1), as many as their previous 32 beforehand (W24 D5 L3). Adversity. pic.twitter.com/0XlGCnShJt
— OptaJoe (@OptaJoe) November 6, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА