„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Палмеирас како никој друг во историјата на фудбалот

Фудбалерите на Палмеирас се освојувачите на Копа Либертадорес откако во финалето одиграно во Монтевидео го победија Фламенго со 2-1 по продолженија. Палмиерас прв поведе во 5. минута со голот на Рафаел Веига, но госите стигнаа до израмнување преку Габриел Барбоса – Габигол во 72. минута. Мечот беше решен во продолженијата кога Дејверсон кој го совлада Диего Алвес и донесе голема победа.

Со тоа Палмеирас стана првот клуб кој го одбрани трофејот во ова натпреварување после 20 години по Бока Јуниорс кој славеше во 2000 и 2001 година, но името на бразилскиот клуб ќе биде испишано во историјата на фудбалот како единствен клуб кој до два трофеи во исто натпреварување стигнал во иста календарска година.

Како потсетување, поради пандемијата на коронавирус завршницата на претходната сезоната беше поместена за 30. јануари 2021 година, а во финалето одиграно на „Маракана“ во Рио де Жанеиро Палмеирас славеше со 1-0 над Сантос. 301 ден подоцна „зелените“ повторно му се радуваа на трофејот.

Се вчитува...