ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА – Пиоли е еден од најдобрите тренери на Милан

Милан ја продолжи победничката низа во Серија А откако во 21. коло славеше на гостувањето кај Удинезе со 2-3 по голема драма и пресврт при самата завршница. „Росонерите“ имаа негатива од 2-1 до 83. минута, но со головите на Јовиќ и Окафор тимот предводен од Стефано Пиоли стигна до значајни три бода.

А, воедно италијанскиот стратег стигна и до победата број 100 откако е на клупата на Милан и влезе во одбрано друштво заедно со Карло Анчелоти, Роко, Фабио Капело и Нилс Лиедхолм. На Пиоли за да стигне до овој јубилеј му беа потребни 166 натпревари. Пред него е само Анчелоти кој стигна до оваа бројка на победи по 165 натпревари.

Се вчитува...