„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – „Покер“ за САД за 45 минути на кој чекаа 73 години

Соединетите американски држави се на чекор до пласман на Светското првенство кое на крајот на годинава ќе се игра во Катар. Тие синоќа триумфираа над Панама со убедливи 5-1 и во последното коло во мечот против Коста Рика само не смеат да изгубат со шест гола разлика.

Дилемите околу победникот на вчерашниот натпревар Американците ги решија уште во првото полувреме во кое постигнаа дури четири гола. Ова е првпат САД да има „покер“ на полувреме по 1949 година и натпреварот против Куба.

 

Се вчитува...