„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Поразот на Наполи од Милан е најсрамниот во последните 23 години

Додека неаполитанците се подготвуваат за прослава на шампионската титула, Милан го декласираше Наполи славејќи со 4-0 на гостувањето на „Диего Армандо Марадона“ во 28. коло од италијанското првенство.

Тоа за тимот на Наполи е најсрамниот пораз проследен со негатива од четири гола на домашен терен во последните 23 години. Претходно ваков пораз Наполи доживеа во октомври 2000 година кога во Неапол славеше Болоња со 1-5.

Пораз од четири гола забележа и во декември 2007 година кога на гостувањето кај Аталанта загуби со идентични 5-1.

Се вчитува...