„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Пред точно 19 години за Барса дебитираше Лео Меси

Славниот аргентински фудбалер Лео Меси пред точно 19 години дебитираше во дресот на Барселона, клубот во кој остави најголема трага. На 17-годишна возраст младиот талентиран играч влезе на местото на Деко, а останатото е историја.

Денеска Меси зад своето име има четири шампионски титули во Лигата на Шампиони, девет трофеи во Ла Лига, шест во Купот на кралот, седум во шпанскиот Суперкуп, три во Суперкупот на УЕФА и три од Светското клупско првенство.

Во текот на кариерата Аргентинецот настапи 778 пати за Барселона и постигна 692 голови, најмногу во историјата на клубот. По ерата во Шпанија се пресели во ПСЖ, а од изминатото лето е дел од Интер Мајами.

Се вчитува...