„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – притисокот го стига Арсенал

Арсенал загуби нови значајни бодовои во битката за титула во Премиерлигата откако ремизираше на гостувањето против Вест Хем Јунајтед со 2-2. „Топџиите“ имаа предност од 2-0 уште во воведот на натпреварот, но „чекичарите“ успеаја да се вратат во игра.

Тоа е втор натпревар по ред Арсенал да губи предност од 2-0. Претходно ист беше случајот и во дуелот против Ливерпул, нешто што за прв пат му се случува на лодонскиот тим во историјата, а воедно се и само петтиот тим кој доживеал вакво нешто во долгата историја на прволигашкиот фудбал во Англија.

Шансите за освојување на титула на Манчестер Сити за уредните аналитичари воедно се и поголеми од натпревар во натпревар. Сега тимот на Пеп Гвариола има 65.6 отсто шанси за титула за разлика од Арсенал кој има 34.4. Притисокот полека, но сигурно го стига Арсенал…

Се вчитува...