„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Рома доби нова „супер-ѕвезда“

Фудбалерите на Рома успеаја да триумфираат на гостувањето кај Верона со 1-3 во натпревар од 12. коло во италијанската Серија А. Херој за „римската волчица“ која до победата стигна со пресврт беше младиот Кристијан Волпато кој постигна гол за водство од 1-2 во 88. минута, а беше и асистент на третиот погодок кој беше во реализација на Ел-Шарави.

18-годишникот со ова стана најмладиот фудбалер на Рома во историјата кој успеал да постигне гол и забележи асистенција во натпревар од калчолигата откако се смета овој податок, поточно од сезоната 2004/2005.

 

Се вчитува...