„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Русија победи со 30% посед, со само еден шут и катастрофален процент на додавања

Руската репрезентација вчера успеа да ја совлада селекцијата на Словачка со 1:0 со автогол на Шкрињар. Сепак, Русите го одиграа еден од послабите натпревари во историјата од статистичка гледна точка.

Имено, Русија имаше само 30% посед на топката, наспроти Словачка која имаше повеќе посед, но и повеќе удари кон противничкиот гол. Русија имаше само еден удар во рамките на голот, додека Словачка дури пет. Словаците имаа вкупно 26 обиди, а Русите 10.

Русите не импресинираа ниту во додавањата. Од 241, само 163 беа прецизни, додека Словачка имаше дури 622 прецизни од 711.

И во корнерите доминираше Словачка, и тоа изведе дури 14, наспроти Русија која изведе шест.

Се вчитува...