Ливерпул на големо задоволство на своите навивачи забележа нова домашна победа во Премиерлигата славејќи над Бретфорд со 2-0 во второто коло.
Овој натпревар донесе и јубилеј за капитенот на „црвните“, Вирџил ван Дајк кој го одигра 100-тиот натпревар на легендарниот „Енфилд“. А, пак новата победа му донесе и посебно задоволство на Холанѓанецот кој сега е вториот најдобар фудбалер во Премиерлигата по бројот на освоени поени на домашен терен.
Првите 100 натпревари за Ван Дајк завршија со 82 победи, 16 ремиња и само два порази акумулирајќи 262 поени што е само поен помалку од Патрик Евра (263) во неговите 100 натпревар за Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА