„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Се случи и тоа: Влаховиќ го имаше најлошиот меч во Серија А

Јувентус триумфираше со минимални 1-0 против Специја во 28. коло во Серија А и полека, но сигурно се враќаат во разговор дури и за шампионската титула во калчолигата.

Херој на вчерашниот натпревар за „старата дама“ беше Алваро Мората кој победничкиот погодок го постигна во 21. минута.

Најновата супер-аквизиција на клубот од Торино, Душан Влаховиќ од друга страна го имаше најлошиот натпревар во кариерата откако е дел од италијанскиот шампионат. Тој за првпат не успеа да упати ниту еден удар кон голот на противникот.

 

 

Се вчитува...