ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА: Столе Димитриевски е подобар голман од Куртоа, Облак, Симон…

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски, вчера имаше нова одлична партија и „чиста мрежа“ во дуелот со Алмерија. Неговиот тим Рајо Валјекано на крајот славеше триумф од 2-0, и ги задржа шансите за пласман во Лигата на шампионите. Звучи неверојатно, но Димитриевски и неговиот тим се најдоа во ситуација да бркаат место во најелитното европско натпреварување.

Она што исто така радува е формата на Димитриевски. Тој во оваа сезона едноставно е неверојатен. Во 19 одиграни натпревари во Ла Лига има дури осум чисти мрежи, односно 42%. Тој е втор најдобар голман во Ла Лига во таа карактеристика, после неприкосновениот Марк-Андре Тер Штеген од Барселона кој има 15 „чисти мрежи“ од 20 натпревари.

Димитриевски во оваа статистичка бројка е подобар и од голманот на Реал Мадрид Тибо Куртоа, потоа чуварот на мрежата на Атлетико Јан Облак, шпанскиот репрезентативец и член на Атлетик Билбао, Унаи Симон…

Се вчитува...