„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Столе и Рајо испишаа историја против „кралевите“

Столе Димитриевски и неговиот Рајо Валјекано приредија вистинска сензација во шпанскиот фудбал, откако синоќа на домашен терен славеа со 3-2 над Реал Мадрид во последниот натпревар од 13. коло во Ла лига.

За клубот од главниот град на Шпанија ова е само втор меч во историјата во кој успеале на далеку попознатиот градски ривал да му постигнат три гола на еден натпревар. Претходно Рајо има три погодоци постигнато против „кралевите“ во 1977 година.

 

Се вчитува...