Шестнаесеттото коло од Премиерлигата донесе супердраматичен крај на „Сити граунд“ каде Нотингем Форест на големо задоволство на преполниот стадион стигна до целосен пресврт против Астон Вила и славеше со 2-1 со голови во 87. и 93. минута.
А, пак со тоа Астон Вила ја продлабочи кризата кога е во прашање играта во завршницата. Имено, кога станува збор за голови примени во 90. минута и судиското продолжение тоа е 25-ти гол кој овој тим го прими во овој период од играта. Интересно, тоа не ја прави Астон Вила најлошиот тим во Премиерлигата бидејќи тоа е Тотенхем во 27 примени голови.
25 – Aston Villa have conceded 25 match-winning goals in the 90th minute or later in the Premier League; only Tottenham (27) have shipped more. Recurrence. pic.twitter.com/lZUaDq7q1M
— OptaJoe (@OptaJoe) December 14, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА