ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА: Светски рекорд испишан на белградска Маракана

Српскиот шампион Црвена Звезда, постави нов светски рекорд за најдолга серија на домашни натпревари без пораз. Вчера „црвено-белите“ славеа победа над Младост со 3-1, и со тоа на 122 меча останаа непоразени на домашен терен во домашното првенство, подобрувајќи го претходниот рекорд на Реал Мадрид.

Во 122 натпревари, Звезда има 110 победи и 12 нерешени средби. Серијата почна од 2018 година.

Реал Мадрид го држеше претходниот рекорд кој во периодот од 1957 до 1965 година беше непоразен на 121 последователен меч во шпанската лига.

Се вчитува...