„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Тер Штеген е најдобар голман во Европа

Барселона стигна до нов триумф во шпанската Ла лига, откако синоќа во 8. коло славеше на домашен терен над Селта Виго со минимални 1-0.

Иако стрелец на победничкиот погодок за Каталонците беше младиот Педри, сепак херој за Барселона беше голманот Марк-Андре тер Штеген кој повторно беше неверојатен меѓу стативите.

Тер Штеген годинава во Ла лига има 19 од 20 одбранети удари кон неговиот гол и само еден примен погодок со што е најдобар голман не само во шпанскиот шампионат, туку и во топ 5 лигите во Европа.

 

Се вчитува...