ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА: Тер Штеген е најдобриот голман во историјата на Ла лига

Барселона стигна до нова победа во шпанскиот шампионат откако синоќа славеше на гостувањето кај Атлетик Билбао со минимални 0-1 како дел од 25. коло во Ла лига. Неверојатен на голот на Каталонците повторно беше Марк Андре тер Штеген.

Германскиот чувар на мрежата успеа 19 пат сезонава да остане без примен гол на натпревар во Ла лига што е рекорд по 25 одиграни средби во историјата на шпанското елитно натпреварување.

 

Се вчитува...