ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА: Тотенхем се мајстори за превсрти

Фудбалерите на Тотенхем, го завршија првиот дел од сезоната во Премиерлигата со одлична победа над Лидс. Во меч во кој беа видени седум голови, на крајот избраниците на Антонио Конте ги освоија трите бода, и покрај тоа што е неверојатен фактот дека Лидс водеше во три наврати.

Лидс водеше со 0-1, 1-2, 2-3, а на крајот Бентакур со два брзи гола ја донесе победата. Со овие три бода, тимот од Лондон дојде до 29 бодови, и оди на одмор како четврта на табелата.

Но, оваа сезона Тотенхем не се нашол првпат во ситуација да губи, а потоа на крајот да слави. 13 од 29 бодови ги имаат освоено откако имале негатива. Веќе во првото коло губеа од Саутемптон, но на крајот успеаја да дојдат до победа од 4-1. Во второто коло одиграа со Челси 2-2, откако двапати беа во негатива. Лестер се осуди да поведе во Лондон, па си замина со пораз од 6-2. Успеаја Спарс да го свртат резултатот и против Борнмут од 2-0, и тогаш да победат со 2-3, и тогаш Бентакур беше јунак во 92. минута.

Така Тотенхем и натаму е на висока позиција на табелата, и останува мајстор за пресврти.

Се вчитува...