„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Ватфорд е најлошиот тим во ПЛ од 19. век

Клаудио Раниери со отказ ја плати очајната сезона на Ватфорд во Премиер-лигата. Трофејниот тренер вчера доби отказ од клубот по слабиот старт на шампионатот. Ватфорд во моментов се наоѓа на претпоследното место на табелата со само 14 освоени бода и ќе има тешка задача до крајот на шампионатот да обезбеди опстанок.

Податокот кој покажува колку е лош клубот годинава е тоа што на 20 натпревари, ниту еднаш не успеале фудбалерите да ја зачуваат мрежата, што е најлош перформанс од сезоната 1889/90 кога Лидс имал 22 такви натпревари.

 

Се вчитува...