ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА – Влаховиќ е бисер кој Јувентус ретко го има

Јувентус ја продолжи победничката серија во Серија А откако во 21. коло славеше на гостувањето кај Лече со 3-0 во натпревар во кој два гола постигна српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ.

А, со нив Србинот направи успех кој му поминало од рака на само уште еден фудбалер во последните 50 години на Јувентус. Имено, голгетерот втора сезона по ред постигнува двоцифрен број на погодоци за „старата дама“ пред да наполни 24 години. Со ваков успех може да се пофали само уште Паоло Дибала.

Се вчитува...