„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – За Тотенхем да се најде во финалето на Лига Купот на Конте ќе му биде потребно чудо

Челси е на добар пат да го избори првото финалето оваа сезона откако во првиот меч против Тотенхем во Лига Купот славеше на домашен терен со 2-0 благодарение на голот на Каи Хавертц и автоголот на Вен Дејвис.

Во вториот меч кој ќе биде одигран на „Хотспур“, гостите покрај предноста ќе ја имаат во своја полза и историјата која вели дека во последните 29 од 30 меча тимот кој по првиот меч имал предност од два гола поминал во следната фаза од натпреварувањето.

Се вчитува...