„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Жиру како Ибрахимовиќ во Милан

Фудбалерите на Милан продолжуваат со феноменалните игри во Италија. По големата победа во „дерби дела мадонина“ минатиот викенд од 1-2 во Серија А, тие синоќа го прегазија Лацио (4-0) во натпревар од четвртфиналето во Копа Италија.

Оливие Жиру со два гола повторно беше прво име во таборот на „росоенерите“. Со овие два погодока, Французинот стигна до бројката од 10 во само осум натпревари на „Сан сиро“ што е неверојатен податок.

Покрај тоа стана само третиот фудбалер во последните десет години (Ибрахимовиќ и Чалханоглу) кој на четири натпревари по ред постигнува гол на „Сан сиро“.

 

Се вчитува...