ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА: Жиру по седум години успеа да постигне шест гола на домашен терен

Фудбалерите на Милан ја прекинаа црната серија од три порази во низа во италијанскиот фудбалски шампионат откако синоќа на домашен терен во премиерниот меч од 22. коло славеа над Торино со минимални 1-0.

Единствениот погодок за „росонерите“ на овој меч беше дело на францускиот интернационалец Оливие Жиру во 62. минута. За Французинот ова е шести погодок на домашен терен сезонава со што конечно по пауза од седум години и сезоната (2015/2016) кога беше дел од Арсенал успеа да постигне повеќе од пет гола на домашен терен.

 

 

Се вчитува...