ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА: Жоселу е најстариот дебитант со гол за „црвената-фурија“

Фудбалската репрезентација на Шпанија на одличен начин со победа од 3-0 на домашен терен против репрезентацијата на Норвешка го почна квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство кое следната година ќе се игра во Германија.

Стрелец на два од трите гола за „црвената-фурија“ беше Жоселу. Тој со 32 години и 363 дена стана најстариот стрелец дебитант во историјата на Шпанија.

 

Се вчитува...